Од почетокот на годинава досега, на патиштата во полошкиот регион беа регистрирани неколку жртви и голем број на лица кој завршија со тешки телесни повреди, како резултат на сообраќајни несреќи. Ваквите црни статистики од година вгодина се зголемуваат, иако сообраќајната полиција ги засилува контролите, а на патиштата се обновува возниот парк.
На ваквата состојба реагираше првиот ревизор за безбедност на патиштата во Македонија кој својат сертификат, професија и искуство не може да го пренесе во реалност, затоа што во Македонија нема ревизија за безбедност на патиштата, односно коловозите се пуштаат во употреба само со изработена проектна документација.
Завршуваш петгодишни студии по Сообраќајно-транспортно инженерство, и потоа двегодишни магистерски студии, продолжуваш потоа докторски студии, исто така по сообраќајно транспортно инженерство. Цел живот студираш, учиш, истражуваш и се надоградуваш за сообраќајно планирање, безбедност во сообраќајот, организација на транспорт, сообраќајна сигнализација, менаџмент во сообраќајот, и така натаму.Но во реалниот живот по министерства, општини, транспортни компании, авто школи, испитни центри, технички прегледи, сообраќајните инженери и нивното знаење и искуство воопшто не го земаат во предвид. Нашата работа ја вршат: правници, економисти, градежници, доктори, стоматолози, шумари, ветеринари, музичари, уметници, машинци, и ред други “експерти”, истакна сообраќајниот инжинер Елмир Мустафаи на својот Фејсбук профил.
Тој ни раскажа дека како во Македонија така и во светот има три фактори кои придонесуваат за сообраќајките, меѓу кој најголем е несовесното возење на возачите, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-Како во Македонија така и во целиот свет најголем фактор за сообраќајните несреќи е човекот, кој не ги почитува сообраќајните правила и прописи. Друг фактор е самиот пат кој влијае од 10 до 15 %. Дали тој пат е направен според прописите, дали има сигнализација дали таа е читлива, дали клучките се осветлени. Трет аспект е самото возило, знаете кај нас има многу увезени возило кои се со евро 4 евро 5 и тие се амортизирани возила.
Тој се надева дека ако државата воведе ревизија за безбедност на патиштата, ќе ќе се намали бројот на сообраќајните несреќи.
-Треба патиштата да се прават според стандарди. Треба патот да има ревизија на проектна документација, но да има и ревизија за безбедност на патиштата, значи од самото идејно решение, основен проект, изведен проект, треба да се следи целата градба, дали недостасува нешто, па потоа да се пушти тој пат во употреба. Кај нас нема издадено овластување односно нема ревизија за безбедност на патишта, пред да се пуштат во употреба Се надеваме дека ова ќе се случи, затоа кај нашите соседи во Хрватска на пример има. Тука да додадам самите автошколи треба да имаат стручност. Порано имаше услов во автошколите да има инжинер, а сега немаш друга работа ќе вршиш обука, рече Елмир Мустафаи сообраќаен инжинер.
Самите фотографии говорат во каква состојба се нашите патишта.
Класичен пример е Автопатот Тетово – Гостивар кој е всушност брза сообраќајница, затоа што во пракса не исполнува никакви предуслови за автопат. Тука на оваа делница нема трета лента и патот е небезбеден, а максималната брзина на возење е 80 километри на час.
-Тука ние плаќаме патарина за автопат, но ова не е автопат има ограничување на брзина до 80 километри, има дупки и нерамнини на патот нема заштитна ограда ,па кучиња скитници влегуваат на овој автопат кои предизвикуваа сообраќајни незгоди, катастрофа. И за другите патишта државата мора да поведе поголема сметка, на пример коловозите кои ги поврзуваат руралните општини од полошко се многу тесни не можеш да се размениш, па дрвјата односно гранките кои се покрај нив се разгрануваат и патот нема доволно прегледност, затоа и се случуваат сообраќајни несреќи, вели еден возач.
И додека надлежните не преземаат мерки за безбедност на сообраќајот, дел од локалното население спротивно на законот презема мерки за да се намалат сообраќајни несреќи кои се случуваат на регионалниот пат Тетово – Јажинце. Тука на овој пат кој има земено голем број на човечки животи има поставено десетина легнати полицајци, со цел намалување на брзината на возење. Досега државата не презеде сериозни чекори за остранување на легнатите полицајци кои се поставени без никакви стандарди на оваа сообраќајница, која нашата држава ја поврзува со дрга држава соседно Косово.
И за двете сообраќајници кои се едни од најфрекфрентните во државата, Регионалниот пат Тетово – Јажинце, но и Автопатот Тетово – Гостивар, државата односно Јавното претпријатие за државни патишта, најави реконструкција и нивно уредување со цел поголема безбедност во соорбаќајот.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.