ММС

Објавено на: 02/15/20 8:54 AM

Ужички Супермен: Влечеше 20-тонски камион, па тргнува пеш од Ужице до Москва

Милован Милутиновиќ, попознат како Ужичкиот Супермен, денеска, во 72. година од животот, тргнува во уште еден потфат. Од градскиот плоштад во Ужице, Србија, тргнува на пат долг 2.640 километри, до Москва. Целта му е таму да стигне на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот.

„Подготвен сум за овој предизик и здравствено и психички. Секој чекор што ќе го направам на тој пат од 2.640 километри или 2.640.000 метри му го посветувам на дете од Косјериќ, кому му е потребна замена на матичните клетки. Нека се донира по еден динар за метар и ќе има спас за детето – вели ужичкиот Супермен и хуманист.

Милован во 2012 година, на 65-годишна возраст, пешачеше 2.500 километри од Ужице до Лондон. По пешачењето долго 62 дена претрча сто метри носејќи товар од 45 килограми за 25,19 секунди, со што официјално стана Гинисов рекордер. Има и неофицијален рекорд во трчење со товар од 100 килограми, пишуваат српски медиуми.

Последна подготовка пред тргнувањето за Москва му беше влечењето камион. Пред неколку дена со јаже влечеше цели 13 метри шлепер тежок 20 тони.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.