ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/15/20 6:04 AM

„Слободнa Далмација“: Цел Сплит сака да ги гледа „Медена земја“ и Атиџе Муратова – билетите ги снемува за 15 минути

Сплитската кинотека „Златна врата“ последниве денови доживува притисок каков што не се памети. Се чини дека цел Сплит, па и пошироко, сака да ја гледа „Медена земја“, феноменален документарец на Стефанов и Котевска, кој беше номиниран за Оскар.

Не го освои, но, навистина, како да го освои. Зашто неосвојувањето на златната статуетка ни најмалку не ја намалува силата, љубовта и победата на карактерот, кој ова дело го отсјајува можеби и посилно од „таму каде што златното сонце сјае, таму е Македонија“, како што пее Дадо Топиќ, пишува сплитскиот дневен весник „Слободна Далмација“.

А, по својата доза „македонски мед“ и синоќа, како и во претходните денови, тргнаа многуборојни наши сограѓани. Пред кино-благајната вообичаено се стигнува десетина минути пред проекцијата, онака, од навика, елегантно и опуштено, без стресови, редици за билет. Но, уште на влезната врата  метеж.

„Нема повеќе влезници, се’ е распородадено!“, во неверување слушаа.

А, така беше и претходните денови. Билетите „пламнуваа“ за 15-20 минути.

Конечно, за тие што на време купија билети, претставата во полната сала почнува, мобилните ислучени. Почнува приказната за Атиџе Муратова, 55-годишната медарка што живее во изолирано македонско планинско село, произведувајќи првокласен мед на неверојатни места. Нејзниниот неверојатно тежок, но хармоничен живот неочекувано го разнишува доаѓањето на нови соседи. Во салата се слушаат воздишки, други бришат солзи.

Но, повремено има и смеа. Зашто карактерот на Атиџе Муратова е впечатлив и надреален во ова себично, конзумеристичко време, па веројатно сите по завршувањето на филмот посакаа, ако можат, да ја прегрнат, бакнат, да слушнат каде е денес и живее ли уште, по неочекуваната слава што ја доживеаја и таа и авторите на филмот, во истата камена куќарка без струја, вода и било какви цивилизациски придобивки“, пишува „Слободна Далмација“, објавувајќи во електронското издание и фотогалерија со кадри од филмот.

Сплит


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1