ММС

Пратениците за 5 години потрошиле околу 3.000.000 евра за патни трошоци

Државната комисија за спречување на корупцијата денес ја презентираше анализата на патните трошоци во периодот од 2015-2019 година на пратениците во собранието на РСМ .Вкупно биле потрошени 2.895.605 евра за патни трошоци.

Во последните години трошоците за превоз се во тенденција на опаѓање.

Во измените на законот од 2005-та година стои дека пратеничката функција се врши професионално,што подразбира редовно работно време. Според извештајот на ДКСК во овој период е утврдено дека 23 пратеници иако поседувале сопствен стан сепак користеле и трошоци за превоз.

„Според податоците коишто ги добивме намалувањето се должи на фактот само 3 пратеници користеле право на стан,а во 2017-2018  ова право  го користеле 15 пратеници.“-Вели Катица Николовска, член на ДКСК

Пратениците за користење на  стан во Скопје добиваат надомест во површина од најмалку 80метри квадратни во износ од 400 евра закупнина плус 100 евра режиски трошоци

„Не е јасно на кој начин е утврдено дека помала површина од 80 метри квадратни е услов за да може пратеникот да оствари право на стан под закуп. Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни, пратеникот исто така може да користи стан под закуп. Исто така, со одлуката не е утврдено правото на максимална квадратура за изнајмување во зависност од тоа дали пратеникот живее сам или со семејство. Од договорте за закуп кои ни беа доставени видно е дека за различна квадратура се плаќа ист износ, на пример без разлика на местото, на локацијата и површината на станот, сите подеднакво земаат по 400 евра надомест, плус 100 евра надомест за режиски трошоци,“ вели Николовска.

Комисијата препорачува  законски измени во смисла  на консолидирање и усогласување на законската и подзаконската регулатива со реалните можности на државата и потребите на според јасна методологија со која јасно и недвосмислено ќе се утврди правото.

Антикорупциска ја отфрли како неоснована претставката  за судир на интереси за номинирање на министерката за правда Рената Дескоска за член во Венецијанската комисија,во смисла дека би претставувала и политички претставник и независен член.Од ДКСК појаснија дека ова е неоснована претставка, бидејќи , според правилата  на Венецијанската комисија кога се расправа за одредена земја, членовите кои ја претставуваат таа земја не учествуваат на расправата ниту во носење на одлуките за државата од кои се номиниран