ММС

Заев потврди дека можат да направат ново мнозинство

-Ниту сакаме, ниту планираме формирање на мнозинство, коешто секако е извесно. Знаете дека е тоа возможно да го направиме, затоа што сме пред обезбедување 80 пратеници, а не пак мнозинство од 61 пратеник. Но, не сакам тоа никој да го сфати како закана. Сакаме да има избори на 12 април и парламентот да се распушти навреме. Верувам дека ќе донесе Законот за Јавно обвинителство“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Неготино.

Синоќа се огласи генералниот секретар Љупчо Николовски, кој напиша:

-Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, пишува Николовски на својот Фејсбук.