ММС

Закроени лозјата во Тиквешко

Со благослов за богат род денеска симболично се закроија лозјата во Тиквешијата. Во Кавадарци на им провизираната лозана градскиот плоштад закроија премиерот ОливерСпасовски, министерот за земјоделство ТрајанДимковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка Николче Бабовски и амбасадори на повеќе држави.

Премиерот Спасовски честитајќи им го празникот на лозарите Свети Трифун порача дека и годинава лозарите ќе ја добиваат поддршката од државата и дека годините на неизвесност за лозарите завршиле во 2017 година.

„Заедно се радуваме на почетокот на новата лозарска година. Заедно го славиме нашето македонско  вино, нашиот бренд,  по кој сме почитувани во светот. За да ги направиме нашите вина и винската индустрија уште по конкурентни во светски рамки преземавме обврска и да вложуваме во лозарството. Нашата долгорочна цел е сигурно производство и откуп на грозјето. Цената ќе ја формира пазарот, но владата ќе создава услови и амбиент за стопанисување.  Решивме долгогодишен и наследен проблем што го имаа лозарите. Оваа влада го исплати долгото што Повардарие и Стефани и другите го имаа кон лозарите за производството  за 2014 и 2016 година. Вкупно исплативме 100,5 милиони денари и исправивме една голема неправда што им беше нанесена на лозарите од овој регион“ вели Спасовски и посочи дека годинава кон лозарството како извозно ориентирана гранка ќе се исплаќаат 20% повисоки  субвенции.

Спасовски нагласи дека сега основните субвенции кон лозарите се исплаќаат навреме, на стартот од производната сезона, кога парите им се најпотребни.

Манифестации за закројување на виновата лоза по повод Свети Трифун се одржаа и во Неготино и Демир Капија .

Ангел Данов