„Рекет“ зад затворени врати - ММС
ММС

„Рекет“ зад затворени врати

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ беше затворено за јавноста, иако вчера екс јавната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски на судењето инсистираа на денешното рочиште јавно да бидат презентирани снимките обезбедени од Зоран Милевски Кичеец.

Судијака Васка Николовска Масевска за денеска одлучи само една снимка да се слуша зад затворени врати, а по предлог на обвинителката Вилма Русковска, пораи приватната содржина на материјалите. Со што новинарите немаа можност да присуствуваат  на судењето и да ги слушнат реакциите на Јанева и Јовановски.

Јанева вчера тврдеше дека во овие снимки лежи нејзината одбрана, зошто јасно се слушало кој на кого нудел поткуп.

Јавноста да слушне се инсистираше и Јовановски, кој велеше дека иако ќе се наруши неговата приватност, сепак ќе се отвори и Пандорината кутија.

Овие тонски снимки, тајно ги снимил Кичеец, а во негово друштво биле Боки 13, Ана Камчева и адвокатот Васил Димишков.