Милошоски со пригодно љубовно фото за „Рекет“ од собраниската говорница - ММС
ММС

Милошоски со пригодно љубовно фото за „Рекет“ од собраниската говорница

Пратеникот Антонио Милошоски излезе со реквизити на говорницата на Собранието на продолжението на седницата, каде се разгледува Предлог законот за јавно обвинителство. Првиот реквизит беше диктофонот. Намерата му беше да пушти снимка од прислушуван разговор, како што рече со лицето З.З како го спроведува „Рекет“.

Меѓутоа, спикерот Талат Џафери не му дозволи, со облразложение дека сака да го заврши мандатот на ова Собрание принципиелно, како што почна.

Милошоски потоа извади транспарент, како што рече, пригоден за Денот на вљубените.


Во својот говор Милишоски се повика на медиски пишувања и индициите за вмешаност на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, што според него, е пресудно за брзањето за донесување на Законот за јавно обвинителство. Обвини дека власта го купува пратеникот Крсто Муковски, неговиот довчерашен партиец, давајќи му тендери.