– ММС
Забава

Љубовта спојува религии- Гавазова со сопругот Јасмин ќе го слават Валентајн

Фолк ѕвездата Сузана Гавазова со својот сопруг Јасмин Курузовиќ  денес ќе ги слават љубовта и виното, односно „Св. Трифун“ и „Св. Влентајн“.  Тие  се уште еден доказ дека кога љубовта е во прашање не постојат граници, таа не признава боја и религија.  Таа православна, тој муслиман а заедно ќе слават католички празник.

– Јас и Јасмин сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. И јас и тој не сме толку верски настроени. Ние се си славиме. Еве вечер во ресторан ќе го славме и „Св. Трифун“ и „Св. Валентајн“,  а ги славиме и сите останати православни и муслимански празници.  Денес сами, без децата ке одиме во ресторан. Јас  реков дека за мене денес  е празник на романтика и така ке си славиме и љубов и вино. Подароците и не се толку важни, ние си разменуваме подароци без причина.  Иако утрово  си разменивме мали подароциња. Јас нему му купив чоколадо, а тој мене парфем. Јас секогаш кога се подароците во прашање поминувам поефтино, се шегува Сузе.

Сузе со сопругот Јасмин на романтично патување во Венеција

Сузе и Јасмин во брак се веќе седум години и ги имаат ќерките Емили и Селена.

-Да, да заедно сме седум години и бидејки премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа. За нас седмицата ни е среќен број, бидејки сеуште имаме страствена љубов.  А штом има страст не треба да се плашиме за бројки кои означуваат криза во бракот, вели таа.

А по повод славењето на љубовта Сузе сними видео порака за сите вљубени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Лограње

X

Регистрација