– ММС
Вести Македонија

За година и пол штипјани ќе добијат затворен базен

За година и пол се очекува штипјани да добијат затворен базен, чиј камен темелник беше поставен денеска во населбата Деснаци. Базенот е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт и е во вредност од 38 милиони денари.

Се работи за затворен базен, современ и функционален објект по сите потребни стандарди.

„Овој базен ќе биде пред се во насока да ги поттикне и стимулира малите дечиња да спортуваат и со тоа да водат здрав начин на живот. Се повеќе гледаме штетни и негативни влијанија кај децата, сколиози, зголемена телесна тежина и деформитети кои допринесуваат за нарушување на здравјето. Токму пливањето како базичен спорт е во насока да го превенира и отстрани сето ова“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој смета дека овој базен е од суштинско значење за градот и треба да биде радост за спортистите и сите граѓани.

Објектот на затворениот базен ќе биде со димензии 30 на 20 метри, а самиот базен ќе биде во должина од 25 метри и ширина девет метри, а ќе чини 18 милиони евра.

Градоначалникот Бочварски смета дека ова е значаен ден за општина Штип бидејќи за прв пат во историјата на градот се гради затворен базен и тоа на место каде што со генералниот урбанистички план било предвидено изградба на станбени згради.

„Направивме доста напори за изградба на овој базен, но убеден сум дека ја избравме најдобрата локација – спортската зелена зона Суитлак, која што наскоро верувам дека ќе стане вистинско место за спорт и рекреација. Очекувам да се развијат и други терени, рекреација, мал хотел и се она што е потребно за поквалитетен живот на нашите граѓани“, изјави Бочварски.

Затворениот базен е дел од проектот за изградба на 14 затворени пливачки базени и е прв во источниот регион, по кој следуваат Кочани и Струмица.

Лограње

X

Регистрација