– ММС
Вести Свет

Најмалку 21 лице загинато при лавини во Авганистан

Најмалку 21 лице загина во серија лавини што вчера ја погодија Дајкунда, централна провинција во Авганистан, соопштија денеска властите.

Според портпаролот на Министерството за вонредни ситуации, седум лица се водат како исчезнати, додека 10 се повредени.

Во лавините се уништени 50 куќи, а жртвите се членови на две семејства.

Спасувачките тимови бараат преживеани. Поголем број патишта се затворени поради опасност од нови лавини.

Оваа зима во тој дел на Авганистан има обилни снежни врнежи, лавини и поплави.

Вкупниот број настрадани во последните неколку месеци изнесува 72 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Лограње

X

Регистрација