– ММС
Забава

Ако барате мрсна храна – можеби ви треба повеќе сон?

Поспаноста може да ги активира хормоните кои го регулираат гладот и ситоста – грелин и лептин.

Истражувањето, објавено во European Journal of Clinical Nutrition, докажа дека недоволниот сон влијае да јадете дополнителни 385 калории на ден.

Покрај тоа, недостатокот на сон може директно да влијае на потребата за храна – и тоа со покачување на нивото на хемиските супстанци “ендоканабиноиди” во крвта.

Ако се борите против желбата за маснотии и калорична храна, експертите советуваат да се насочите кон промена на навиката за спиење.

Здрава замена

Кога ќе имате потреба за калории, можете да ја задоволите со намирници, како што е авокадото, јаткасти плодови, путер од јаткасти плодови, семки, риба.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација