– ММС
Вести Свет

Мистериозно суштество на шкотскиот брег ги збуни експертите

Силната бура која ја погоди речиси цела Европа на брегот на Шкотска исфрли скелет на многу необично суштество, а фотографијата која е објавена на Фејсбук започна дебата меѓу корисниците, пренесува „Б92“.

Ова необично и помалку мистериозно суштество е пронајдено на плажа во близина на Абердин, во неделата кога беа регистрирани силни ветришта и големи бранови. На Фејсбук се отвори дебата за што всушност станува збор, па додека едни велат дека тоа е делфин, други сметаат дека во прашање е кит, а трети дека е ајкула кои за време на летните месеци пливаат во тие води.

Меѓутоа, дури и експертите за морските животни се зачудени, а професорот Дејвид Лусеу од Универзитетот во Абердин вели дека за конечен суд му се потребни повеќе информации.

– За жал, на основа на само таа една фотографија не можеме да кажеме повеќе, освен дека се работи за некоја врста на кит. Би било добро кога би имале фотографија од предниот дел, како и можност да го испитаме самото тело за да идентификуваме за кое животно станува збор – рече тој, а пренесува „Дејли меил“.

Дел од луѓето на Фејсбук се шегуваа дека станува збор за чудовиштето од Лох Нес, една од најстарите шкотски легенди.

преземено-Слободен печат

Лограње

X

Регистрација