ММС

Уапсени половина од сообраќајните полицајци во Малта

Повеќе од половина припадници на сообраќајната полиција на Малта се уапсени по наводите на свиркач дека лажно пријавувале прекувремено работење. Властите соопштија дека 37 од 50 полицајци се осомничени дека лажно пријавиле стотици часови прекувремена работа во траење од најмалку три години.

Шефот на сообраќајната полиција Валтер Спитери е исто така осомничен дека земал надоместоци за користење на моторцикл иако користел службен автомобил. Некои од полицајците се осомничени и дека службеното гориво го користеле во приватни цели. Премиерот на земјата Роберт Абела изјави дека е добро што полицијата врши контрола на своите вработени.

слободнаевропа.мк