ММС

Објавено на: 02/12/20 5:00 PM

Бонус од една просечна плата пред изборите добиваат 5000 полициски службеници, се пофали Спасовски

Околу 5000 полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи ќе добијат бонус-плата во висина од една просечна плата во Македонија. Ова денеска го објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Во објавата тој образложува  дека тоа се однесува на оние вработени кои работеле повеќе од редовното работно време.

– Првпат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година. Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните. Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните, напишал Спасовски на Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1