– ММС
Вести Култура Македонија

Тимот на „Медена земја“ : Две номинации се подобри од оскар,Атиџе сака да се одмори од јавноста

Екипата на “Медена земја “ на денешната „онлајн“ прес-конференција од Холивуд истакнаа дека не треба да има разочарување затоа што нема оскар.
-Нас секој ден ни се случуваа оскари од кога се тука,рече режисерката Тамара Котевска во одговор на новинарски прашања

Режисерот Љубомир Стефанов истакна дека филмот е направен на крајно ентузијастичка основа,како и дека особено му е драго што со многу малку пари , со голем ентузијазам и љубов се дошло до овие две номинации за оскар
Звездата од „Медена земја“, Атиџе Муратова истакна дека сака малку да се повлече и да се посвети на своите пчели,вели дека и се допаѓа Лос Анџелес и најмногу му се радува на океанот
Според продуцентот Атанас Георгиев, филмот произлегува од индивидуалци и пренесува универзална порака која се пренесува низ целиот свет.Вели дека ја смениле историјата и начинот на гласање на целата Академија.Запрашан за „Американска фабрика “, Георгиев вели дека станува збор за одличен филм со свои квалитети зад кој стои голема продукција како „Нетфликс“.
Имено, денеска од Град Скопје објавија дека тимот на „Медена земја“ ќе бидат наградени со 600.000 денари.

Лограње

X

Регистрација