ММС

Објавено на: 02/11/20 4:02 PM

Елон Маск откри што најмногу му треба – фабрика на одлични инженери

Елон Маск не планира да инвестира во развој и производство на електрични авиони, но откри што му треба најмногу за понатамошно инвестирање во истражување и развој на нови технологии.

Елон Маск неодамна гостувајќи во подкастот Third Row Tesla и HyperChange, запрашан дали планира да изгради и електрични авиони, ако не патнички, тогаш барем електрични авиони кои можат вертикално да полетаат и слетаат (eVTOL), како што се оние произведени од Joby, E-Hang или Wisk. Со оглед на тоа дека Tesla произведува многу ефикасни батерии и дека на електричните авиони и летала им требаат само најдобри батерии, неговиот одговор ги изненади.

Не. Мислам дека е многу тешко да се донесе авион до точка на производство и да се исполнат сите регулаторни барања низ целиот свет. Тоа е многу тешко, изјави Маск.

Додаде дека производството на авиони е сосема различно од производството на автомобили, соларните панели или батерии. „Нема автокомпании кои се и производители на авиони“, изјави Маск.

Сепак, Маск не ја отстрани целосно темата од масата, едноставно кажа дека тоа би значело дека би морал да прескокне многу работи кои во моментов му се многу поважни, како што е туркање на револуцијата на електрични возила напред, изградба на Hyperloop, зајакнување на производството на соларни покриви и батерии Powerwall, и можеби и донесување на пазарот евтин електричен автомобил.

Маск изјави дека некаде во иднината на ред може да дојдат и леталата eVTOL, но дури кога ќе се исполнат наведените приоритети. „Целиот транспорт ќе биде електричен, освен ракетниот“, истакна тој.

Водителите на подкастот после тоа укажаа на тековните големи финансиски придобивки на Tesla и стратосферската цена на акциите на компанијата па заклучија дека тие пари многу добро можат да бидат инвестирани во натамошно истражување и развој.

Не оди тоа така, им одговори Маск. Не станува збор за тоа да размислуваме да имаме барем повеќе пари кои можеме да ги потрошиме на R&D. Но, да постои фабрика за производство која произведува одлични инженери, тогаш тоа би било така, објасни Маск.

Од друга страна, Маск повеќе пати истакнал дека повеќе претпочита луѓе со „извонредни способности“, а не толку образовани луѓе, затоа што верува дека високото образование може да укаже дека човекот е способен за големи работи, но тоа не мора секогаш да биде така.

Ако погледнете примери на луѓе како Бил Гејтс, Лари Елисон и Стив Џобс, тоа се луѓе кои не завршиле факултет, но доколку имате можност да ги вработите, секако дека тоа би било добра идеја, образложи Маск.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.