ММС

Штипскиот театар со комедија ја почнува новата театарска сезона

ЈЗУ „Европа“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, е првата премиера на Народен театар Штип годинава. Предпремиерно, театарската екипа одржа прес конференција. Новата претстава , според актерите, е комедија која води кон смеа до солзи.

„Овде ќе има толку филмови колку и публика. Ги канам сите да се одлободат од секојдневието и да се уживаат во она што ние го подготвивме“, изјави  Миле Вратеовски – актер во НТ Штип.

„Изминатиов период имавме повеќе сериозни претстави, затоа сега се решивме за класична комедија “, кажа Владимир Тулиев – актер во НТ Штип.

Годинава Штипски театар одбележува јубилејни 70 години од своето постоење, а со сопствени сили ќе подготви соодвентни содржини за публиката. Најавени се уште две премиери за возрасни и една претстава за деца. Најмладата публика ќе ужива и во театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“, најави директорката на Народен театар – Штип, Kaта Мишева.

Во најновата премиера ЈЗУ „Европа“, која ќе се одигра, утре (12 февруари) со почеток во 20 часот,  играат: Елена Шорова Дербов, Владимир Тулиев и Миле Вратеовски.