ММС

Заев:Раководството на ВМРО ДПМНЕ и пратеници вршат притисок врз останатите пратеници

Кој врши притисок за усвојување на законот за јавно обвинителство – Заев или ВМРО ДПМНЕ? Ова, по интензивните шпекулации деновиве, беше прашан лидерот на СДСМ, Зоран Заев – кој врши притисок врз пратениците.

-Раководството на ВМРО ДПМНЕ, пратеници – дел осомничени или веќе обвинети луѓе. Секој има шанса, согласно законот да докаже своја невиност. Имаа забелешки во законот, се избори Независната пратеничка група да добијат фер шанса. При тоа, владеењето на правото, правото да остане во рацете на правосудството и никако поинаку. Зошто да не го донесеме законот ако е аргумент за втората наша стратешка цел на државата, на денот кога објавуваме и се радуваме на првата наша стратешка цел?! Јас ги немам пратениците во раце. Тоа се пратеници и секој од нив е индивидуа со свои семејства, деца, пријатели. Тие носат одлука како чувствуваат. Јас верувам дека ќе донесат исправно решение, рече Заев, според кого недонсеувањето на законот е избегнување на одговорност.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.