– ММС
Вести Македонија

Мизрахи со прес конференција на тема:„Криминалното работење на Царовска“

За претпладне во 10 часот, техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи закажа прес конференција. Во поканата до медиумите стои дека тема на прес конференцијата е „Криминалното работење на Мила Царовска“.

Несогласувањата и конфронтирањата во техничката влада не престануваат.Вчера, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев побара од вработените на МВР, на кои Владата им ги поништи решенијата за прераспределување дадени од Чулев, да не ги почитуваат и да останат на своите работни места. Чулев ги врати решенијата на прераспоредените работници во Министерството за внатрешни работи кои на 6 и 7 овој месец добија нови позиции во МВР по наредба на министерот Наќе Чулев. Заменик-дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска пак од вработените бара „да се спротивстават на секој обид на враќање на старите навики на беззаконие и диктаторско однесување“.

 

Лограње

X

Регистрација