ММС

Објавено на: 02/10/20 9:13 AM

„Медена земја“ не го доби Оскарот за документарец, победи „Американска фабрика“

Американската филмска академија му додели Оксар на „Американска фабрика“ за најдобар документарен филм во 2019 година.

Одлуката од сцената во театарот „Долби“ ја соопшти актерот Марк Рафало  и им ја врачи златната статуетка на режисерите на филмот Стивен Богнар и Џулија Рајхарт.

„Американска фабрика“ е прв филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, продуциран за мрежата „Нетфликс“. Документарец е за кинеска компанија за производство на автостакла (Fuyao) која работи во згаснатата фабрика на „Џенерал моторс“ во Морејн, Охајо.

Режисерите го снимале од февруари 2015 до крајот на 2017 година во истата фабрика што беше тема на нивниот документарен филм од 2009 година „Последниот камион: Затворање на фабриката ЏМ“. Ги прикажува работниците по преземањето на фабриката од кинескиот инвеститор – Кинези и Американци кои преку соработката ги уриваат културолошките бариери.

„Медена земја“ има уште една номинација за која ја очекуваме одлуката – за најдобар интернационален филм, во која конкуренти му се „Паразит“ од Јужна Кореја, „Корпус Кристи“ од Полска,  „Болка и слава“ од  Шпанија, и „Клетници“ од Франција.

За најдобар документарен филм во 2019 имаше 159 кандидати од цел свет, а по две селекции Академијата ги соопшти петте најдобри што вечерва беа во трка за Оскарот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.