ММС

Заев ноќеска до два часот работел на законот за јавно обвинителство

-Синоќа работев до два сабајле. Разговарав со сите пратернички групи. Поприлично сме блиску. Останува да го видат целото зконско решение и дали ќе се согласат. Апелирам до сите. Од ВМРО ДПМНЕ дигнав раце, ама апелирам и до нив, до последен момент. Имаме квалитетно законско решение. Внатре имаме фер и еднаков третман за сите. Ако тоа го направиме денеска, до крајот на денот, утре имаме цел ден, верувам премиерот Спасовски е подготвен, на барање на министерката за правда, да го стави на влада, да го усвојат законот и понеделник рано од сабајле, Парламентот да ги искористи трите дена како што е предвидено со законите со европско знаменце и понеделник, вторник, среда, до 12-ти да го изгласаме. Но, ако Парламентот и пратениците одлучат, дека треба на 13-ти да дискутират, нека гласаат вечерта на 13-ти. Тоа воопшто не го нарушува закажувањето на изборите,  рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска во Арачиново, Заев не прецизираше колку пратеници се за усвојување на новото решение на Законот за јавно обвинителство, но кажа дека има сериозна надеж, дека може да се постигне мнозинство поголемо од 80.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.