ММС

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: Штрајкот на машиновозачите незаконски, просечната плата за декември 47.665,00 денари

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека на ден 04.02.2019 година поради незаконскиот штрајк од страна на Машиновозачите предводени од Претседателот на Синдикалната организација НСМПМ – Машиновозачот Душко Чакаровски, на кои за месец Декември 2019 година има исплатено просечна плата со додатоци во износ од 47.665,00 денари, не сообраќаа следните патнички возови и тоа:

Воз број 601 во 08:0часот на релација Табановце – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Венко Бојаџиски;

Воз број 601 во 09:15 часот на релација Скопје – Велес по турнус на работа требал да биде  управуван од страна на  Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 2080 во 12:10 часот на релација Велес – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 2081 во 13:20 часот на релација Скопје – Велес по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 2082 во 14:24 часот на релација Велес – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 643 во 14:30 часот на релација Скопје – Битола по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Симо Велиновски;

Воз број 631 во 16:5часот на релација Скопје – Гевгелија по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Тони Атанасовски;

-Воз број 644 во 18:27 часот на релација Битола – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Влатко Божиновски;

-Воз број 645 во 20:05 часот на релација Скопје – Битола по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Цане Трпчевски, кој по турнус на работа требал да дојде режи од Битола со воз 642;

Поради тоа што изостанал возот број 643 односно не заминал на релација Скопје – Битола, повратно од Битола –Скопје изостанале возот број 644 во 18:27 часот и возот број 645 на релација Скопје-Битола во 20:05 часот;

-Воз број 651 во 15:24 часот на релација Скопје – Кочани по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Јово Велиновски;

-Воз број 2022 во 16:30 часот на релација Скопје – Табановце по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Радивоје Савов;

-Воз број 2024 во 20:00 часот на релација  Скопје – Табановце по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Радивоје Савов;

-Воз број 660 во 16:45 часот на релација Скопје – Кичево по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Драган Стојанов;

-Воз број 2083 во 22:40 часот на релација Скопје – Велес по турнус на работа требал да биде управуван од страна на  Машиновозачот Никола Коцевски.

Исто така, истиот ден не сообраќаа следните товарни возови и тоа:

Кружна во 07:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Дејан Цветковски и Помошник Машиновозач Тони Костовски на релација Скопски чвор;

Воз број 41703 во 05:16 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Алекснадар Вилевски и Помошник Машиновозач Зоран Атанасовски на релација Табановце Граница-Гевгелија;

-Кружна електро во 07:00  часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Горанчо Коцевски и Помошник Машиновозач Зоран Велиновски на релација Скопски чвор и релација Табановце Граница – Скопје Југ и обратно;

-Воз број 40623 во 12:08 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозач Марјан Јовевски и Помошник Машиновозач Горан Ѓорѓевиќ на релација Табановце Граница – Гевгелија Граница;

Kружна 15:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозач Даниел Димовски и Помошник Машиновозач Живко Костадинов на релација Скопски чвор;

-Кружна електро во 19:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Бобан Андовски и Помошник Машиновозачот Зоран Велиновски на релација Скопски чвор и Табановце Граница – Скопје Југ и обратно;

-Воз број 44707 во 23:01 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Помошник Машиновозач Ацо Стојановиќ на релација Табановце Граница – Гевгелија.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените.

 Железницата како крвоток и битен сегмент во извршувањето на превозот на патниците и стоките во Републиката и надвор од неа е доведен во целосен прекин на железничкиот сообраќакај со што се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на РСМ и на целокупното стопанство на РСМ.

На крајот напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  ЗРО и  Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и истиот не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на Машиновозачите кои имаат месечни парични примања во износ за месец Октомври 2019 година во износ 44.955,00 денари, месец Ноември 2019 година во износ 44.070,00 денари и за месец  Декември 2019 година во износ 47.665,00 денари.

Во тој контекс Ве известуваме дека платата на Машиновозачите континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кои тие се главни носители. Во таа насока Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходниот тренд на зголемување на платите на Машиновозачите.-велат од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.