ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/5/20 11:23 AM

Градот на духовите одбележува 50 години од основањето, целосно го исели Чернобил, а сега го полнат туристи

Украинскиот град Припјат вчера одбележа 50 години од основањето. Денес тоа е град на духови, а некогаш беше младо, живо и многу богато место. Нуклеарната катастрофа во чернобилската електрана целосно го опусте градот од 47.500 жители на два километра од Чернобил, а за чии потреби беше изграден.

Припјат е основан на 4 февруари 1970 година, а веднаш по чернобилската хаварија беше евекуиран. Сега претставува голема туристичка десетинација. Илјадници туристи шетаат по неговите улици, минуваат по плоштадите обраснати во трева за да го видат градот замрзанат од времето. Во текот на 2019 го посетиле 100,000 туристи, а за годинава се предвидуваат 250.000, пренесува „Еуроњуз“.

Иако Припјат е познат како град на духови, животинскиот свет по катастрофата напредува, а тоа особено се однесува на пржевалските коњи, кои се сметаат за античка раса на диви коњи. Луѓето, пак, се раселија, а многумина од нив го населија новоизградениот град Славутич.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1