ММС

Објавено на: 02/4/20 11:18 AM

Kонечно и добра вест: Бројот на излекувани го надмина бројот на починати од коронавирусот

Во последните неколку седмици речиси сите светски агенциски вести почнуваат со бројот на заразени и починати од коронавирусот, пред се’ во Кина. Но, се згомлемува и бројот на излекувани. Досега излекувани и отпуштени од болниците во Кина се 630 луѓе или околу 200 повеќе од починатите.

Вчера биле отпуштени 37 пациенти од болницата „Џинјинтан“ во Вухан откако го победиле коронавирусот. Тоа бил најголем број излекувани и отпуштени пациенти во еден ден во тој кинески град од кој тргна заразата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1