ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/3/20 9:58 PM

Со писмена понуда, Алијанса за Албанците нуди коалиција на Беса и Алтернатива

Алијанса за Албанците ќе прати писмена понуда до партиите Беса и Алтернатива со цел да ги повика на предизборна коалиција, најави вечерва по завршуавњето на Централното претседателтво, партискиот лидер Зијадин Села. Тој истакна дека оваа понуда е всушност стар договор.

-Ова е став кој датира од вториот круг на локалните избори кога сме пружиле рака и сме се договориле дека кога и да има нови изборите влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии. За нас дадениот збор е важен поради конзинстентноста и сериозноста и пред граѓантие, не е за лични потребни туку за јавен интерес. Да донесеме демократија во албанското општество во Северна Македонија , бидејќи тоа ни фали веќе 18 години со оглед дека живееме во политичкји монизам, изјави Села.

Алијансата за Албанците ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1