ММС

Вниманието на милениумците е 12 секунди, а на генерацијата Z само 8 секунди

“Помладите генерации сè помалку конзумираат линеарна телевизија и поминуваат многу повеќе време на интернет. Според IPSOS, дури и кога гледаат телевизија за време на рекламен блок, дури 82 проценти од членовите на генерацијата Z сурфаат на интернет”, изјавил Иван Брозовиќ, раководител на онлајн тим во креативната медиумска агенција “Universal McCann Zagreb”.

– Во иднина, ќе мора да бидеме насочени на разбирање на целната група и самата стратегија, додека софтверот за нас ќе го направи остатокот. Врвните стратези кои ќе ги разберат податоците за целната публика ќе бидат многу барани, и луѓе кои ќе го разбираат софтверот и како да го користат за да ги исполнат медиумските цели на клиентите, додава тој.

Според магазинот Forbes, вниманието на милениумците е 12 секунди, а на генерацијата Z само 8 секунди. Во тие услови, мора да постои големо усогласување помеѓу креативната маркетинг порака и каналите преку кои се испраќа таа порака, за да се дојде до целната публика.

“Препораката на комуникациските канали зависи исклучиво од целите кои ги има клиентот, како и од целната група на која сака да се обрати. Секој клиент, па дури и секоја кампања, може да има различна мешавина на канали која максимално ќе допринесе успешност на преносот на комуникациските пораки”, додава тој.

Забележува и дека социјалните мрежи мора сериозно да се разгледаат во било која медиумска стратегија.

Извор: denar.mk