– ММС
Забава

Патувањето го развива мозокот на детето подобро од играчките

Експертите велат дека патувањето и новите искуства подобро влијаат на развојот на мозокот кај детето од скапите играчки.

Детскиот психијатар Маргот Сандерленд тврди дека одењето на одмор претставува голема инвестиција за развојот на бебешкиот мозок.

„Кога одите на семеен одмор, вежбате два генетски интегрирани системи кои се наоѓаат длабоко во лимбичкиот дел на мозокот. Овие делови ретко се „вежбаат“ дома.

Постои “систем на игри” и “систем на пребарување”, посочи таа за Healthy holistic living. Според нејзините зборови, “системот на игра” во мозокот се вежба секој пат кога на детето ќе му ги закопате нозете во песок, ќе го ставите во базен или го носите на грб. Додека, “системот на игра” во мозокот вежба секој пат кога истражувате заедно.

Со вежбањето на овие два системи се стимулира растот на фронталниот лобус. Тој дел од мозокот е задолжен за когнитивно функционирање, решавање на проблеми, емоционално изразување, меморија, јазик и проценка. Колку повеќе ги вежбате нивните системи, толку посилни ќе станат децата.

Кога ќе ги однесете децата на одмор, тие имаат можност да го истражат местото во кое се наоѓаат. Тоа го активира нивниот систем на пребарување. Вежбајќи ги овие два системи преку семејни одмори, придонесуваат за целокупната среќа и благосостојба на детето.

Кога се активираат овие системи, во нашиот мозок се ослободуваат неврохемиски супстанции допамин, окситоцин и опиоиди. Овие супстанции ги поддржуваат нашите чувства на блискост во врските. Тие исто така го намалуваат стресот и ни помагаат да се чувствуваме добро и безбедно.

Студијата која е спроведена во 2017 година докажала дека поради времето кое го поминуваме со семејството се чувствуваме сакани. Во таа студија учествувале 495 мажи и жени, од 18 до 93 години.

Истражувачите дошле до заклучок дека повеќето луѓе се чувствуваат сакани кога комуницираат со други луѓе, а не кога добиваат подарок.

“Нашето истражување откри дека тие микро-моменти на позитивност, убави зборови, галење со детето или чувство на разбирање ги тера луѓето да се чувствуваат сакани. Семејните одмори даваат богатство на можности за интеракции полни со љубов, затоа што семејството е лишено од секојдневни обврски и пречки”.

За следниот роденден или празник, наместо играчки, размислете за тоа да му поклоните на детето и на себе семеен одмор. Спомените од тоа специјално време кое ќе го поминете заедно како семејство ќе траат многу подолго од играта на детето со која било играчка.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација