ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/20 12:28 PM

Полската амбасада ги опреми кабинетите во училиштето во Зелениково

Кабинетите по биологија,  хемија и физика во ОУ „Марко Цепенков” добија нова опрема од Амбасадата на Република Полска.

Проектот „Опремување на кабинетите”, кој траеше шест месеци, денеска свечено беше пуштен во употреба од полскиот амбасадор Воицех Тицињски. На свеченоста, покрај учениците, наставниците и директорката на училиштето Валентина Димишковска, присуствуваше и градоначалникот на општина Зелениково Борче Гиевски, кој му се заблагодари на амбасадорот за помошта во вредност од 7.500 евра.

Новата опрема во кабинетите ќе помогне во подобрување на наставниот процес, а неа ќе ја користат 300 ученици од петто до деветто одделение.

Опремувањето на кабинетите е реализирано согласно проектот „Полска помош”.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7