ММС

Оваа векна леб чини 1.380 евра и е најскапа во светот

Хуан Мануел Морено е пекар кој дошол до идеја да направи намирница која оди со секој оброк, но по посебен рецепт. Тоа има своја цена, но и клиенти.

Овој леб е многу посебен на многу начини ако верувате на неговиот креатор. Покрај цената, која за секој просечен граѓанин е навистина “лута”, тука се и уникатните состојки кои го прават толку скап. Па така, една векна содржи грам злато и сребро, специјални видови брашно, но и украсна декорација.

Она што е исто така интересно е дека најголем процент од продажбата доаѓа од извозот, па љубителите на овој леб се најбројни од Обединетите Арапски Емирати, Америка, Кина и Русија.

Извор: denar.mk