ММС

Објавено на: 01/27/20 1:22 PM

Две земји имаа најдобар почеток на годината

Економијата во еврозоната порасна во јануари со исто слабо темпо како и во претходниот месец, одржувајќи постојан слаб прилив на нови нарачки, покажува месечниот извештај на лондонски Markit.

Индексот на менаџери за набавки (PMI) во јануари бил непроменет во однос на декември и изнесувал 50,9 поени, пресметале во лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.

„Економијата не забрза и покрај некои позитивни индикатори. Услужниот сектор повторно порасна, додека најлошиот период во индустријата се чини дека заврши и се чини дека се движи кон стабилизација“, изјави асистентот на директорот на Markit, Ендру Харкер.

Услужниот сектор повторно беше главен столб на растот, иако активностите малку забавиле. Индустријата повторно забелажала пад, но најблаг за пет месеци.

Слаба стапка на раст го одразува задушениот прилив на нови нарачки, нагласуваат во Markit, издвојувајќи сепак знаци на стабилизација во производниот сектор, вклучително и странската побарувачка.

Меѓу водечките економии во еврозоната опфатени со истражувањето на почетокот на годината бил добар за Франција и Германија, каде активностите се зголемиле веќе втор месец по ред, а се зголемил и приливот на нови нарачки.

Во остатокот од еврозоната, активностите пораснале со најслабо темпо за шест и пол години, сигнализирајќи скоро застој на деловни активности надвор од Германија и Франција.

Во Markit, сепак, укажуваат на оптимизам на деловните службеници, кои во јануари го достигнале највисокото ниво за повеќе од една година, поттикнати од верувањето во индустријата дека најлошиот период на пад на активностите поминал.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.