Македонски средношколци во затворена група споделуваат интимни фотки на малолетнички
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/25/20 8:54 PM

Македонски средношколци во затворена група споделуваат интимни фотки на малолетнички

Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички.

До Радио МОФ реагираа средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

Голем дел од фотографиите и видеата кои се споделуваат и коментираат се преземени од веќе постоечки страници на интернет, но во „Јавна соба“ се поврзуваат со конкретни личности, најчесто малолетни девојчиња од земјава, при што се наведува името и презимето или градот на живеење.

Групата за неколку дена стигна до над 7400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател. Радио МОФ пристапи до групата, каде во рок од половина час беа споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, а следеа и неколку стотици коментари.

-Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци, вели Славјанка Петровска, дополнителен Министер за внатрешни работи.

(МОФ)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7