ММС

Заев за „Ла Верита“:Тоа беше фама за да се оцрни опозиционерот Заев

Зоран Заев го коментираше пишувањето на италијанскиот весни „Ла Верита“ за наводно чување во фиоките на Обвинителството предмет за купување на гласови од Зоран Заев во 2014 година, тогаш во улога на градоначалник:

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста, еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.