– ММС
Вести Свет

САД ги ограничува визите за трудниците

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе ги ограничи визите за трудниците за кои постои сомнеж дека би можеле да се породат во САД и нивните деца да добијат американско државјанство.

„Од 24 јануари 2020 година, американското Министерство за надворешни работи нема да издава привремени визи на жени кои сакаат да влезат во САД поради „породилен туризам“, и на тој начин да ја искористат предноста на американскиот закон за право на државјанство“, наведуваат од Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека промената е неопходна за да се зголеми безбедноста, имиграциониот систем во САД и интегритетот на американското државјанство.

Се’ уште не се знае како надлежните ќе  ја утврдуваат бременоста на жените.
Конзулатите немаат право во текот на процесот за виза да бараат информации за евентуална бременост.

Лограње

X

Регистрација