– ММС
Вести Македонија

МЗШВ: Поставен е нов рекламен банер на саемот во Берлин, за техничката грешка е поведена постапка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека е поправена техничката грешка со рекламниот банер („северномакедонска кујна“) поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела” во Берлин. Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, направен е нов рекламен банер кој веќе е поставен на македонскиот штанд.

Според Министерството, првичниот банер беше предлог на компанијата „Кадино”, која дизајнот го има препратено до организаторот на саемот. Притоа, направена е техничка грешка при преводот, за што МЗШВ веднаш реагираше и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер.

-Веќе се работи на покренување постапка за утврдување одговорност кај лицата од Министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот. Инаку, кактеристично за овој саем е што земјите се претставуваат со нивни традиционални производи. За нас, еден од тие производи е бурекот и затоа решивме годинава да се стави фокус на овој традиционален производ. Денеска македонкиот штанд го посети светски познатиот критичар за храна, Дирк Хофман, кој го оцени македонскиот бурек како еден од највкусните и најуникатните традиционални производи, наведува МЗШВ.

МИА

 

Лограње

X

Регистрација