– ММС
Вести Македонија

СОНК: Иницијативата на ректорите за формирање нов синдикат е скандалозна и противзаконска

Иницијативата на ректорите на универзитетите за формирање нов синдикат на вработените на универзитетите е скандалозна, спротивна на Законот за работни односи каде не се дозволува мешање на работодавачите во однос на организирање и дејствување на синдикатите, а скандалозна е и од аспект на меѓународните конвенции кои ги регулираат овие проблематики, оценуваат од Синдикатот на вработението во образованието и науката – СОНК.

Јаќим Неделков претседателот на СОНК на денешната прес – конференција, истакна дека тезата за потребата за формирање на ваков синдикат бил наводно за да може да се земе зголемувањето на платите во високото образование за 10 проценти, што СОНК, вели, со макотрпни преговори го договори со Министерството за образование и наука – МОН минатата година, е ноторна лага од аспкт што СОНК е единствен репрезентативен синдикат за дејноста образование, наука и култура. Тој го приложи и решението за репрезентативност на СОНК потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска во јануари лани, кој им дава полно право да преговараат и да договараат политки за зголемување плати во високото образование.

Според него, можни се неколку опции зошто тоа се прави, како оставање простор синдикатите да се занимаваат сами со себе одреден период, за да помине време до распишување избори кога по основ на закон не ќе можат да потпишат колективен договор на ниво на дејност, со што државата не ќе може да го исплати договореното зголемување од 10 отсто на платите во високото образование.

– Ги повикувам ректорите да прекинат со процедурата за формирање синдикални организации при универзитетите. Со самото нивно мешање во организирање и формирање синдкати прават кривично дело за кое постои веројатност да одговараат – тие или овластени од нив – деканите или генералните секретари. Второ би сакал да го повикам МОН веднаш да пристапи кон потпишување на колективниот договор за високо побразование и наука на гранско ниво. Со тој колективен договор ќе се опфатат сите факултети на национално ниво. Доколку е пресложен овој процес и времето е прекратко, тогаш ги повикувам ректорите на универзитетите да го повикаат СОНК како единствен репрезентативен синдикат во дејноста образование, вклучително и високо образование, да потпишеме колективен договор на ниво на работодавец, на ниво на установа. На тој начин би се надминала состојбата таква кавка што тие ја предвидуваат дека доколку не се потпише колективен договор на ниво на работодавец односно со  ректорите ќе нема зголемување од 10 оттсо на платите, рече Неделков.

Тој изрази стравување од злоупотребување и манипулација на колегите вработени во виското образование да не го добијат тоа што е договорено. Побарале и очекуваат став од министерот за образование, кој во моментов е на службено патување надвор од земјата. Најавија и дека ќе се пожалат до меѓународните организации.

И Независниот академски синдикат (НАкС) вчера реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на вработените во високото образование, како што од нив побарал министерот за образование и наука на состанок, со цел новоформираниот синдикат да потпише колективен договор со што ќе се овозможи вработените на државните универзитети да добијат 10 проценти повисоки плати од јануари. 

МИА

Лограње

X

Регистрација