– ММС
Вести Македонија

МВР Билтен

На 22.01.2020 во 01.50 часот на бензинска пумпа во близина на Граничен премин „Долно Блаце” од слобода биле лишени К.С(20), К.С.(46), Ј.М.М.(42), Н.Т.(46), А.С.(27) и две малолетни лица, сите од Р.Турција, поради тоа што при контрола се претставиле како израелски државјани и приложиле израелски патни исправи. Лицата се предадени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, мигрaции, странци и редамисија, за понатамошна постапка.

На 22.01.2020 во 01.00 часот на автопатот А1 – клучка Миравци, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.С.(68) од с.Богородица, кој управувал патничко возило „мерцедес”, со гевгелиски регистарски ознаки, во кое ги превезувал Е.К.(35) и А.И.(25), двајцата од Р.Турција, кај кои, при контрола, било констатирано дека имаат фалсификувани влезни и излезни печати, со што сториле кривично дело „фалсификување исправа”. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 21.01.2020 во 11.10 часот во Полициската станица Центар О.Ј.(33) од Скопје, пријавила дека на кеј „Димитар Влахов” била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 21.01.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Петар Чајковски”, при вршење на работни задачи, А.З.(23) од Тетово се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во текот на 21.01.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени и: еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило и едно возило, бидејќи било нерегистрирано. Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 56 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 21.01.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Ѓ.(88) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова” бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(29) и В.Ѓ.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”, казниво по член 258 од Кривичниот законик. Пријавените, на 14.01.2020 физички го нападнале З.С.(60) од Скопје, во неговиот дом, и му го одзеле неговото патничко возило „форд ескорт”. По преземени мерки лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Б.. Исто така, било пронајдено и возилото. Во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените.

На 21.01.2020 околу 19.10 часот, вработен во Казнено-поправната установа „Тетово” пријавил дека во близина на оградата од дворот на објектот пронашол најлонско ќесе со хашиш. Пронајденото било подигнато и дадено на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Битола на 21.01.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека двајца возачи биле под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. Четворица возачи разговарале на мобилен телефон, а еден не поседувал возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 21.01.2020 по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на Т.С.(31) од Р.Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности, при што околу 15.50 часот, Т.С. бил затекнат на автобуска станица во Струга. Веднаш потоа, полициските службеници извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 кг., која била одземена и пратена на вештачење. Т.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

На 21.01.2020 во 18.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Борис Трајковски” го лишиле од слобода Б.Б.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.01.2020 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Д.Б.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лограње

X

Регистрација