– ММС
Вести Македонија

Танасоски: Уредбата за увоз на возила засега не се менува

Уредбата за увоз на автомобили која стапи во сила од 1 јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента засега нема да се менува. Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски вели дека се отворени за забелешки, но оти е рано за промена, треба да се почекаат резултатите.

-Уредбата е донесена врз основа на посебен Закон за посебен данок на моторните возила и таа уредба е дефинирано по старо што беше акциза сега се вика посебен данок за возила и при пресметката на овој данок главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок, а тоа опфаќа на пример до 10.000 евра кои досега ништо не плаќаа, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компоненета, односно што помалку загадуваат, помалку ќе платат. Главната поента на овој закон, на оваа уредба, е еколошката компонента и првпат се презема еден храбар исчекор во контекст на справувањето со загадувањето на животната средина преку мотивирање на увоз на поеколошки возила, отколку понееколошки, изјави денеска директорот на Царината одговорајќи на новинарски прашања во врска со најавениот протест на увозници на половни возила пред Владата.

Тој потенцира дека нема известување за протестот, и посочи дека најверојатно станува збор за увозници на половни возила, додавајќи дека не сите увозници имаат забелешки.

-Засега останува истата уредба. Ќе ги разгледуваме забелелешките и понатаму. Ќе се прават анализи, меѓутоа треба да бидеме свесни дека нема ни еден месец откако е доенсена уредбата за да се увидат резултатите и да видиме дали моеже, дали треба или не треба да се интервенира, истакна Танасоски.

Соопшти дека во два наврата имале средба со увозници од Крива Паланка и другата група од повеќе градови.

– Ги сослушавме нивните ставови, ги претставивме и нашите ставови дека новиот Закон и новата уредба внесуваат поголемо регулирање на увозот на половни возила и она што е важно се овозможува и база на податоци врз основа на кои вистински ќе се согледа кое е реалното загадување во Република Северна Македонија, кој вид на возила се увезуваат, за да можеме врз основа на тие анализи да се преземат чекори, рече Танасоски.

Податоците на Царинската урпава покажуваат дека е зголемен увозот на возила откако е објавена уредбата, а пред да стапи во сила.

-Во декември откако е донесена уредбата, а пред да стапи на сила биле увезени 6000 возила, а просекот за декември бил меѓу 2000 и 2500 возила, рече Танасоски, кој деенска присуствуваше на промоцијата на новата опрема за царинската лабораторија.

МИА

Лограње

X

Регистрација