– ММС
Вести Свет

Mажиште од речиси половина тон бара брачна партнерка – одбил 300 понуди, биле под 100 килограми

Огромен човек од Пакистан, кој е висок 197 сантиметри и тежи 440 килограми, ја бара љубовта на својот живот, која би била подготвена да ја прифати неговата габаритност.

Арбаб Кизер Хајат (27), познат и по тоа што со јажиња влече трактори, живее „на висока нога“ и дневно во организмот внесува 10.000 калории. Тврди дека и покрај таканаречената мамут диета, која вклучува 6,6 килограми месо и пет литри млеко дневно, немал никакви здравствени проблеми.

Станал ѕвезда откако видео-снимки на кои влече трактор со јаже станале многу популарни. Сака да биде најсилен човек на светот. Сепак, во овој момент најважно му е да најде сопатничка. Досега одбил околу 300 потенцијални сопруги, па и понатаму е во потрага по сродна душа.

„Би требало да има околу 100 килограми и да е висока околу 190 сантиметри. Потребна ми е сопруга во тешка категорија. Да не ја повредам. Сите жени што досега сакаа да се омажат со мене беа премногу слаби. Немам здравствени проблеми. Апсолутно сум океј со својата тежина. Почнав да добивам на тежина во тинејџерските години, кога сфатив дека сакам да се натпреварувам во кревање тегови и слични дисциплини, па и понатаму се дебелеев“, раскажува Арбаб.

Лограње

X

Регистрација