– ММС
Вести Свет

Грција ја доби првата жена-претседател на државата

Pратеницте во грчкиот парламент пред малку ја избраа Екатерини Сакеларопулу (63) за претседателка на Грција. За неа гласаа 261 од 300 пратеници колку што има грчкиот парламент. Сакеларопулу, која ќе биде првата жена-претседател на Грција, ја предложи актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис.

Сакеларопулу ќе ја преземе функцијата на 13 март, кога му истекува мандатот на актуелниот шеф на државата Прокопис Павлопулос. Сакеларопулу е судијка која има искуство со уставното право и правото на животната средина.

Лограње

X

Регистрација