– ММС
Вести Македонија

Скопје: Регионален форум за западен Балкан и Турција за граѓанско општество

Во организација на проектниот тим на EУ TAKCO 3 поддржан од Европската Унија со цел унапредување и зајакнување на капацитетите и улогата на граѓанските организации, денеска во Скопје ќе се одржи Регионален форум за Западен Балкан и Турција за граѓанско општество.

На Форумот во Скопје ќе учестваат претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, како и високи претставници од Европскaта Комисиja и од јавните институции.

Форумот ќе го отворат Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија  во земјава, Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и Ѓеоргиос  Хацијангу, регионален директор за Југоисточна Европа на „ГДСИ Лимитед”.

–Главните цели на Форумот се презентирање на резултатите од извештајот за „Проценка на состојбата за созадавање на  подобра средина и капацитетите на граѓанското општество наспроти Упатството за  Европска Унија  за Ѓраѓанското општество во земјите за проширување, презентација на структурата на претстојниот Инструмент за Прет-Пристапна Помош (ИПА 3)  во периодот 2012-2027 и идната поддршка на ЕУ за граѓанското општество, како и започнување на процесот на утврдување на новите Упатства за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот за  проширување 2021-2027, соопштуваат организаторите на Форумот.

Регионалниот Форум претставува стартен настан на двегодишниот проект на ЕУ ТАКСО 3 со седиште во Скопје, и официјално ќе ги одбележи интензивните активности на проектот од почетокот на  јануари 2019.

MИА

Лограње

X

Регистрација