– ММС
Вести Култура Македонија

(видео) Симон Трпчевски не го прекина настапот во Штип, но свиреше во студена сала

Нашиот виртуоз Симон Трпчевски, беше вистинско изненадување за публиката во Штип, која дојде на традиционалниот новогодишен концерт на Државното средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“. Трпчевски дојде на покана на дирегентот и педагог во училиштето Тоше Митров, негов колега и пријател. Во преполната, но (пре)студена сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ имаше родители, роднини, педагози, директори на институции, кои дојдоа да ги погледнат настапите на учениците од Музичкото училиште. На сите Трпчевски им одржа педагошка и хумана лекција во студентата сала – дека образованието и културата се важни, а најмногу овие деца кои излегуваат на сцена.
-Колку професори се овде од Средното музичко училиште или од Академијата? Ме интересира дали градоначалникот на Штип е овде? Директори на институции…? Она што им го кажав во Узбекистан беше дека нашите политичари или квазиполитичари или оние што мислат дека се вистински политичари, или оние кои што се влијателни луѓе и покажуваат дека искрено ја сакаат културата и уметноста, дека треба да сфатат еднаш засекогаш дека на културата и образованието, не смее да се штеди, рече на сцената Симон Трпчевски.
За воља на вистината и наспроти денешните тврдења на некои од медиумите, Трпчевски професионално си го почна и заврши настапот, давајќи им поддршка на младите музичари кои настапија таа вечер во Домот на културата во Штип.
Ова го потврдува и директорот на Средното музичко училиште, Горан Кавраков, кој вели дека тотална невистина е дека Трпчески го прекинал концертот.
-Сведок  публика од 1500 луѓе, која беше фасцинирана од досега најдобриот новогодишен концерт на учениците и наставниците на ДМУЦ „Сегеј Михајлов“ од Штип ( за прв пат се оддржаа два концерта). Јасна е целта на оние кои ја шират оваа лажна цел. Меѓутоа, ние како уметници остануваме да работиме професионално за развиток на учениците и самото училиште. Свесни се и нашите сограѓани и пошироко, дека ова е голема манипулација, вели Кавраков.
Во однос на студената сала, Кавраков потврдува дека е изјамена и платена на Домот на култура, но дека немањето греење е проблем стар 11 години, што се обиделе привремено да го решат со топови на нафта.
– За овој проблем треба да одговорат оние кои се запознати со случајот на Домот на култура, каде, како и кој го уништи системот за греење. Јас не сум соодветен да коментирам. Инаку ние, колку можевме се потрудивме да ја згрееме салата со топови на нафта, да обезбедиме колку – толку услови за нашите ученици, наставници и за публиката. Ќе повторам, пропустот е стар 11 години. Домот е под надлежност на Министерство за култура, сега имам информација дека нашата општина сака да го превземе, меѓутоа не знам до каде е процедурата. Се надевам дека и покрај долгогодишно молчење за овој проблем, конечно надлежните ќе превземат нешто конкретно, изјави директорот Кавраков.
Денеска не успеавме да стапиме во контакт со Домот на култура, но како што е познато на штипската културна јавност, греењето на салата е стар проблем, за кој никој до сега не одговори дали е барана одговорност за мистериозното изчезнување на радијаторите од салата. Имено, при последното реновирање на големата сала, сите радијатори се извадени, по што едноставно ги снемува од магацинот. Од тогаш, па се’ до денес, не е најден начин, а веројатно и пари да реши проблемот со загревање на салата.

Лограње

X

Регистрација