– ММС
Вести Македонија

Полицијата го упаси Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарки

Полицијата попладнево потврди дека Емил Јакимовски е приведен во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство.

-Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје, соопшти МВР.

За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.

Лограње

X

Регистрација