– ММС
Вести Македонија

Известување од НЛБ Банка за грабеж во експозитурата во Ѓорче Петров

Вооружен грабеж утринава се случи во експозитурата НЛБ Банка во Ѓорче Петров. Затекнатите клиенти и вработените во експозитурата се во добра состојба, стои во соопштението од НЛБ Банка испратено до јавноста.

„Како што соопштија од Банката, во моментов нивни претставници се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Паралелно, информираат од Банката, се соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета“, информираат од НЛБ Банка.

 

Лограње

X

Регистрација