– ММС
Вести Македонија

Царовска: Имплементацијата на оперативниот план за вработување придонесе за намалување на невработеноста

Имплементацијата  на оперативниот план за вработување придонесе за намалување на  процентот на невработеност во земјава и може да се каже дека тој денеска изнесува  17,1 процент по последните статистички податоци, истакна денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска во Владата, каде заедно со директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска на прес-конференција ги презетнираа резултатите од реализацијата на Оперативниот план на програми и мерки за врабнотување за 2019 година.

.-Дополнително треба да се истакне дека  59.600 лица  во нашата држава се вработиле во две и  пол години.  Во 2019 година  од буџетот на РСМ  се издвоени рекордни 1,3 милијарди денари  што е за 84 проценти  повеќе од 2016 година  кога вкупниот буџет за оперативни мерки  за вработување бил  707 милиони денари.  Ова е директна интервенција во зголемување на вработливоста  кај невработените лица , но исто така е и можност за директна поддршка на  ново формирање на компании коишто понатаму треба да отвораат нови работни места, рече Царовска.

Таа додаде дека овие средства биле искористени и за  нови бизниси и во сто проценти оваа мерка  била реализирана. Она кое што дополнително во оперативните мерки за вработување произлегло, додаде таа се законски решенија онаму каде што се покажа дека  мерките даваат одлични резултати.

-Таков пример е практиканство.  Со донесувањето на Законот за практиканство  може да се види дека со тоа се дава  можност да младите лица коишто немаат каде да стекнат одредена  пракса или стекнување на вештини коишто директно носат  до поголема вработливост преку овој закон на легален  начин ќе може истото тоа да го стекнат во фирмите од што имаат бенефит  и невработените лица и оние коишто се бизниси коишто имаат потреба од  дополнителен потенцијал.  Преку програмата за само вработување  одобрени се вкупно 1.484 грантови , а досега се регистрирани 1.320  микро бизниси од невработени лица.  Од нив 478  или 36,8 проценти  се млади лица, а 439 односно 33,8 проценти  се жени, рече вицепремиерската за економски прашања.

Јовановска нагласи дека реализацијата на вака успешни бројки и податоци се  должи на една тимска работа и позитивна енергија  од страна на колегите од Агенцијата за вработување , односно центрите за вработување, МТСП,  нивните партнери , работодавачите и самите невработени лица.

-Со субвенционирање на плати се отворија 1.383 нови работни места. Поддршката за вработување и раст  на правни субјекти  придонесе за отворање на  621  ново работно место. Исто така практиканството  како активна мерка  беше многу побарувана од страна на работодавачите,  1.697 млади  беа вклучени во  практиканството како активна мерка.  Она што го побара стопанството  од нас односно работодавачите беа обуките предквалификациите и доквалификациите и ние како активна мерка  успешно ги реализиравме.  Се спроведоа обуки коишто 22 занимања  беа опфатени  и беа спроведени  55 обуки на територијата на цела држава, додаде Јовановска.

Нагласи дека имале најразлични обуки – монтери, инсталатери, оператори за веб дизајн, изработувачи  на мебел, оџачари,  електро механичари, лични асистенти, фризери, козметичари, автомеханичари  заварувачи – сите побарувани занимања  и занаети коишто произлегле како побарувања од страна на  работодавачите од анализите за потреба на пазар  на труд,

-Агенцијата за вработување со МТСП  успешно ги реализира. 3.704 лица  веќе успешно ги завршија обуките , но се уште се во тек некои обуки  и ќе бидат реализирани  во текот на месец јануари.  Вкупниот процент на реализација  на буџетските средства  е 98,56 проценти. Активно работевме и на мерката од која што се финансира од посебниот фонд за вработување  на инвалидните лица. Тука беа вработени 231 лице . Покрај финансиски средства како поддршка за вработување на овие лица на фирмите и заштитните друштва им беа обезбедени финансиски средства за набавка на опрема  за вработените инвалидни лица  и адаптација на  работното место, нагласи Јовановска.

Лограње

X

Регистрација