– ММС
Вести Македонија

Прием на претседателот Пендаровски за претставниците на дипломатскиот кор

Претседателот Стево Пендаровски sino’a се обрати на приемот приреден за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во нашата земја.

Пендаровски на членовите на дипломатскиот кор им посака добредојде на традиционалниот новогодишниот, посакувајќи им во новата 2020 година добро здравје и лична среќа, а на нивните држави многу успеси и напредок на секое поле.

Тој нагласи дека и понатаму неговиот кабинет останува целосно отворен за уште подинамична соработка со нив, со цел да се продлабочат билатералните и мултилатералните односи за сите прашања од заемен интерес. Транспарентноста и динамичноста, истакна тој, се меѓу моите основни принципи на работа и на внатрешен и на меѓународен план.

Претседателот на државата додаде дека годинава се навршуваат неколку јубилеи од воспоставување на дипломатските односи со 20-тина држави во светот, како и 25 години од нашето членство во ОБСЕ, Советот на Европа и Партнерство за мир на НАТО, посочувајќи дека овие јубилеи се одлична можност за нови иницијативи со кои на најдобар можен начин ќе ги одбележат нашите заеднички активности и нашите заеднички успеси.

– Доволно ме познавате за да знаете дека не сум склон да ги користам вообичаените фрази и да предвидувам дека „оваа година ќе биде историска”, но, според многу параметри, 2020-та има предиспозиции да биде мошне значајна и за нас како држава, и за регионот, истакна Пендаровски.

Тој посочи дека претстојните неколку месеци на внатрешен план се период на организација и спроведување на најавените парламентарни избори.

– Во оваа прилика сакам уште еднаш јавно да изјавам дека од преодната Влада очекувам изборите да ги организира во фер и демократска атмосфера, а од партиите очекувам одговорно однесување, онака како што доликува на една организирана демократска држава, членка на НАТО и идна членка на Европската Унија.  Исто така очекувам, веднаш по завршувањето на изборите, брзо да се формира владата и во таа насока јас сум подготвен да придонесам со доследно почитување на уставните одредби при доделувањето на мандатот. Интересот на сите граѓани на оваа држава, без разлика која политичка опција ја поддржуваат е реформските и интегративните процеси да продолжат без застој. Независно кој ќе победи очекувам да продолжи со спроведување на неопходните реформи во насока на реализација на консензуално изградените државни позиции за нашите стратешки цели, рече претседателот Пендаровски.

MИА

Лограње

X

Регистрација