– ММС
Вести Свет

Словенечка „Крка“ подмитувала лекари во Романија?

Познатата словенечка фабрика за лекови „Крка“ најави сеопфатна истрага по пишувањето на романски медиуми дека подружницата на словенечката компанија во Романија се впуштила во масовно подмитување на романски лекари.

Според наводите на дневниот весник „Либертатеа“, кој ја откри аферата, подружницата на „Крка“ потпишувала договори за соработка со лекари за организација на патувања и исплата на хонорари за стручни собири што ги организирала „Крка“, а за возврат од лекарите е барано на нивните пациенти да им препишуваат лекови од словенечкиот производител.

Од седиштето на „Крка“ во Ново Место не ги коментираат конкретнте наводи на весникот за подмитување на 87 лекари, а соопштуваат дека, во случај на неправилности, ќе постапат одлучно и со сите правни лекови во рамките на романските закони ќе преземат санкации против сторителите.

„Либертатеа“ најави истрага на романското Министерство за здравство, а и други фармацевстки компании стравувале „мечката да не заигра и кај нив“ зашто се смета дека слична практика имале повеќето. Штетата на рабтењето на „Крка“ во Романија веќе се чувствувала, бидејќи многу здравствени работници ги одбегнувале контактите со тамошните вработени во „Крка“ за евентуално да не се доведат во врска со корупција.

Лограње

X

Регистрација