– ММС
Вести Свет

Тројца Бразилци починаа од труење со пиво

Три лица починаа во Бразил, а се претпоставува дека се затруле од точено пиво што содржело отровна хемикалија која со користи во антифризот и во други производи, соопшти бразилската полиција.

Жртвите починаа поради труење со диетилен гликолом (ДЕГ), чии трагови се пронајдени во резервоарот за вода што го користела пиварницата „Бејкер“, пиварница чии пива освојуваа дури и меѓународни награди, пренесува „Ројтерс“.

Министертството за земјделство соопшти дека траги од ДЕГ биле пронајдени во осум различни видови пиво на „Бејкер“, поради што пиварницата е затворена.

Од „Бејкер“ соопштија дека соработуваат со истражните органи и оти не користат ДЕГ во производството, но ја користеле помалку отровнтата хемикалија – моноетилен гликол.

Лограње

X

Регистрација