– ММС
Вести Македонија

Денеска две собраниски седници

Собранието денеска ќе ги одржи 126 и 123-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.

Како што е најавено на агендата на 123-та седница е Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, по скратена постапка, во второ читање, како и дополнет предлог на закон за класифицирани информации и на закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана, во второ читање.

За Предлог на програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, по скратена постапка ќе се расправа на 126-та собраниска седница.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и по Предлог на закон за изменување на Законот за практиканство, по скратена постапка.

На дневниот ред се и низа измени и дополнувања на Законот за државната ревизија, за ревизија, за девизното работење, за меница, за задолжница, за финансиските друштва, сите во прво читање.

Лограње

X

Регистрација