ММС

Објавено на: 01/16/20 11:02 AM

Жител на прилепско Браилово починал во пожар во неговата куќа

Ј.Т. (38) од прилепското село Браилово починал во пожар што избувнал вчера во неговата куќа. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера напладне, во 12:00 часот.

Смртта на Ј.Т. ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а извршен е и увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1